21. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Новоизбраната судијка д-р Ана Павловска – Данева почна со извршување на работните обврски во Уставниот суд

Со изборот на д-р Ана Павловска-Данева на позицијата уставен судија, Уставниот суд почна да функционира во полн состав со вкупно девет судии.

Судијата Павловска-Данева денеска ги презеде своите работни обврски како уставен судија и покрај средбата со претседателката на Судот, Добрила
Кацарска, ги запозна судиите и вработените во службата, по што активно се вклучи во тековните ангажмани и активности во Судот.

Мандатот на д-р Ана Павловска-Данева, како уставен судија трае девет години, согласно Уставот на РСМ.

Можеби ќе ве интересира

ФЗО: Вo изминатите четири години не се евидентирани претставки за непотребни операции

C +

Перински: Одржливи општини се она што ѝ недостига на Македонија и токму тука е нашиот фокус

C +

Мицкоски: Можно е гласачкото ливче да биде 7-8 метри

ДЕСК