12. декември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЛОКАЛНО

Соларниот парк ќе значи многу за нашиот град – градоначалникот на Штип со спротивен став од неговиот шеф Мицкоски за стратешката инвестиција „Стипион“

Зоран БОЈАРОВСКИ

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ да се усогласи со своите сопартијци кога станува збор за ставови кои се од интерес за граѓаните.

Најдобар пример за тоа се различни ставови за најавената изградба на најголемата стратешка инвестиција, соларниот парк „Стипион“ со градоначалникот на Општина Штип Иван Јорданов.

Соларната електрана со агриволтаици, меѓу Штип и Свети Николе, е најголемиот енергетски објект од овој тип во Југоисточна Европа и градоначалникот на Штип во своите јавни настапи го афирмира фактот дека тоа е и најголема инвестиција во енергетскиот сектор во неговиот град.

„Во најава е и за кратко време се очекува да се случи најголемата инвестиција во енергетскиот сектор на територија на Општина Штип, тоа е француската инвестиција во изградба на соларниот парк Стипион и ќе значи многу за нас како град, пред сѐ заради зголемување на енергетскиот потенцијал, но и за сите други придобивки што ќе ги имаме со оваа инвестиција. Разговаравме и за евроинтеграцискиот процес на Македонија кој очекуваме да биде забрзан и да се случи ден побрзо“, рече Јорданов за време на посетата на претставниците на „Акио Енерџи“ и францускиот амбасадор, кои заедно министерката за животна средина Каја Шукова ја посетија локацијата во пресрет на последните подготовки за старт на инвестицијата, откако ќе поминат законите во Собранието.

Од друга страна Мицкоски овие денови е во кампања да ги оспори вредностите на овој проект, заради, како што вели тој, нефер односите и привилегиите кон странските инвеститори кои не се исти со оние кон домашните.

„Овој условно кажаниот инвеститор (мисли на гигантот Акио Еенерџи од Франција, н.з.) планира на земја од неколку стотици хектари плодна помеѓу Штип и Свети Николе да нареди фотоволтаици на околу 500-тини хектари земјоделска плодна почва од прва, втора и трета категорија. И луѓето кои што денеска ја обработуваат земјата, и луѓето кои што таму ги хранат своите семејства ќе го изгубат тоа право“.

Со оваа своја изјава Мицкоски не знае, или прикрива и не сака да прифати дека станува збор за необработено земјиште кое со години не е во функција и кое сега, токму благодарение на агрофотоволтаиците од кои ќе биде структурирана соларната електрана „Стипион“.

Освен тоа, Мицкоски го игнорира и фактот дека соларниот парк „Стипион“ ќе се гради на истата локација каде што требаше да се изгради карго аеродромот што го договори владата на ВМРО-ДПМНЕ во 2007 и 2008 година, односно Груевски кога беше премиер.

И тогаш, според физибилити студија на една холандска компанија, беше објавено дека станува збор за 500 хектари необработливо земјиште. Груевски инситираше на изгрдабата на карго аеродромот меѓу Штип и Свети Николе, иако и самите холанѓани во своите студии напишаа дека заради воздушните струења во тој регион, парцелата одредена за овој проект не е погодна.

извор Рацин.мк