24. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАвест

Техничкиот министер за внатрешни работи креира мега кабинет

ЦИВИЛ дојде до информации дека новоназначениот технички министер за внатрешни работи, за само неколку дена го зголеми обемот на својот кабинет за повеќе од два и пол пати. Тој во својот мега кабинет распоредува 16 вработени во министерството и дополнително ангажира две лица од надвор, односно вкупно 18 лица, стои во извештајот за изборниот мониторинг на ЦИВИЛ.

„Се работи за крајно невообичаена постапка, ако се има предвид дека мандатот на министерот, а со тоа и на советниците е само сто дена, а особено ако се има предвид дека министерот за внатрешни работи во редовниот состав на владата имаше вкупно шест советници, вклучително и шефот на кабинет“, изјави претседателот на ЦИВИЛ, Џабир Дерала.

Според Дерала, ЦИВИЛ упати прашање до МВР и до кабинетот на техничкиот министер за внатрешни работи, но до почетокот на прес конференцијата, не доби никаков одговор.

(Извештај од изборниот мониторинг на ЦИВИЛ) Десет дена техничка влада: Злоупотреби, дезинформации и националистички наративи

Извор: Civilmedia.mk

Можеби ќе ве интересира

Му се слошило, па починал откако бил донесен во бесознание во клиника

ДЕСК

Гореа автобуси, минибус, камион, неколку автомобили во голем пожар во Куманово

ДЕСК

Повеќе повредени во тешка сообраќајка во Свети Николе

ДЕСК