10. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Костадиновска-Стојчевска: Вработените во Филхармонија на погрешна адреса упатуваат обвинување за мобинг и неправилно работење

„На погрешна адреса упатуваат обвинување за мобинг и неправилно работење на Филхармонија. Има инстанци каде ова треба да се пријави, но не е решение собирање на потписи, кое што притоа е дискутабилно“ рече министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска.

Таа додаде дека пред избори се гледа шанса за да покажат моќ пред својот надреден, како што беше и со НУ Џез оркестар.

„Од она што го имам како информација од членовите, односно тие што биле присутни е дека директорот влегол на состанокот да им каже дека договорите на дело во тековната година се пратени на време во Министерството за финансии, и неговата обврска е завршена. Тука настанала случка, при што директорот го обвиниле зошто влегол на состанокот. Не навлегувам во тоа дали смеел или не смеел да ги информира за договорите во оваа форма или не, без да се меша во синдикалното работење“ рече Костадиновска-Стојчевска.

Министерката додаде дека синдикатот на култура во Филхармонија ако има какво било сознанија за неправилности, има каде тоа да го пријави, а со собирање потписи, и како што рече и фалсификување на одредени потписи, не е во ред.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Мицкоски од уста не ме вади, нема ниту едно дело па затоа мора да плука

ДЕСК

Филипче од Ѓорче Петров: Ја снема гордоста само после една и пол година власт на Мицкоски и неговата банда

ДЕСК

Филипче од Ѓорче Петров: Коки е човек од народот, направи повеќе за Ѓорче од актуелниот градоначалник на ДПМНЕ

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.