Министерот за правда Кренар Лога во рамките на дводневната посета на Анкара, оствари средба со министерот за правда на Република Турција, Јилмаз Тунч.
Двајцата министри разговараа за реформите во правосудниот систем, информатичката технологија и продлабочување на соработката помеѓу институциите на двете пријателски земји.
Се дискутираше за големите реформи во правосудниот систем кои се предвидени во развојната Стратегија ( 2024-2028), измени на законот за судски совет, измени на законот за Јавно обвинителство, нов закон за помилување кој е во собраниска постапка како и за законот за извршување на санкции.
Двајцата министри разговараа и за меѓусебната соработка ,многубројните протоколи и меморандуми кои се потпишани во текот на изминатите години.
Договорено е, заедно со министерот на Турција, Јилмаз Тунч во Скопје да се потпише меморандум за соработка на сите нивоа, особено за затворскиот систем со цел да се овозможи ресоцијализација на лицата кои издржуваат казна затвор.
Изразена е подготвеност да се организираат меѓународни и билатерални конференции, студиски посети и програми за обука на правосудните институции.
Искуството на пријателска Турција во областа на правото е големо. Токму поради тоа е побарано од турксите власти со нас да ги споделат и напорите за реинтеграција на Одделот за човекови права, Одделението за меѓународни односи, Одделот за судска медиција, Системот UYAP, Одделот за меѓународни однсои, Бирото за застапување пред ЕСЧП, Одделението за казнено-попоравни и притвореници во рамките на програмата за ресоцијализација и други прашања.