25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Стојковски: Меѓу 1.000 и 1.200 гласачки места се „фиксни“ односно таму на сите избори победува една иста партија

Политичкиот извештај на Институт Преспа лоцира и гласачки места каде без разлика на тоа какви се изборите, таму секогаш победува една иста опција, посочи директорот на Институтот, Андреа Стојковски..

„Помеѓу 1.000 до 1.200 гласачки места, се „фиксни гласачки места“ за некои партии, односно три партии таму секогаш имаат победнички резултат, во однос 4:3 за ВМРО-ДПМНЕ кон СДСМ, додека кај албанскиот блок единствена партија со фиксни гласачки места е ДУИ. Од нив околу 620 гласачки места се секогаш добитни за ВМРО-ДПМНЕ, околу 450 се секогаш добитни за СДСМ, а остатокот е на ДУИ. Значи без разлика за каков тип на избори се работи, без разлика за тоа кој круг од изборите е, знаеме дека овие гласачки места секогаш ќе бидат добитни за некоја од посочените партии“ рече Стојковски.

Тој посочи дека преку компјутерскиот модел идетификувани се точните гласачки емста, но тие никогаш нема да бидат споделени во јавноста, со цел да не се влијае на изборниот процес а потиа и на изборните резултати.