24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Расте бројот на заразени од голема кашлица – Нови 4 случаи за 24 часа!

Нови четири случаи на голема кашлица за 24 часа се регистрирани во Македонија.

Бројот на заразени е 22 лица од почетокот на годинава досега.

Министерот за здравство, Меџити инфромирше дека ќе се прифати препораката на комисијата за заразни болести за прогласување на епидемија на голема кашлица на територијата на Скопје.