10. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Законот помина: Повеќе нема казина до училишта и градинки

Собранието на денешната седница со 55 гласа „за“ и ниту еден „против“ ги усвои измените на Законот за игрите на среќа и за забавните игри, со кои што се предвидува обложувалниците и казината да бидат оддалечени најмалку 500 метри од основните и средните училишта. Законот беше донесен во скратена постапка, со европско знаменце.

Против носењето на овој закон во дискусијата беа пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, кои бараа тој да биде повлечен, но потоа не гласаа „против“.

Предлагач е Владата, која вели дека законот се носи за заштита на младата популација од лоши и несоодветни навики за нивната возраст.

Со законските измени, обложувалниците и казината имаат рок од една година да ги преселат деловните простории на најмалку 500 метри од училиштата.

Можеби ќе ве интересира

Лишени од слобода шест лица по вчерашната физичка пресметка пред угостителски објект во Скопје

ДЕСК

Ацевски: Зошто Мицкоски и Орце Ѓорѓиевски чекаат избори, зошто не го исчистат градот сега?

C +

Шукова: Селекцијата на отпадот од домаќинствата ќе го намали притисокот врз Вардариште и Дрисла

C +