Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Кадровски решенија во Агенцијата за филм, Пошта, Агенцијата за странски инвестиции

Во делот за кадровки прашања, Владата на вчерашната седница одлучи да го разреши Бојан Лазаревски од должноста в.д. директор на Агенцијата за филм и за директор на Агенцијата за филм да го именува, Владимир Ангелов.

Исто така, Владата одлучи да му препорача на Надзорниот одбор на Акционерско друштво за поштенски сообраќај „Пошта на Северна Македонија“ во државна сопственост – Скопје да ја отповика Бујаре Абази, од должноста член на Управниот одбор – која носи назив генерален директор, а за член на Управниот одбор на Акционерско друштво за поштенски сообраќај „Пошта на Северна Македонија“ во државна сопственост – Скопје да го избере Идри Истрефи.

На вчерашната седница разрешен е и Газменд Абдија од должноста в.д. директор на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Северна Македонија.

Можеби ќе ве интересира

Српски камион се заби во објект на царинската управа – оштетен е кровот и рампата

ДЕСК

Замрзнат имот во Србија и Македонија од осомничен за злоупотреби во РЕК Битола

ДЕСК

Страшна сообраќајка ја потресе Македонија: Автомобил излета од пат, еден загинат – познати деталите

ДЕСК