24 C
Скопје
22. септември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Нова препорака до Управниот одбор на ФЗО

Владата на вчерашната седница го разгледа барањето на Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженија на граѓанија (УПОЗ) во врска со состојбите во Фондот за здравствено осигурување.

Одлучено е да се поништи препораката до Управниот одбор на ФЗО од 9 јануари 2024 година и е донесена нова препорака којашто се однесува на сегашната вредност на бодот за пресметка на плати, со важност од 1 јануари 2024 година до 31 мај 2024 година.

Формирана е Комисија за следење на примената и толкување на одредбите на Општ колективен договор за јавниот сектор

Владата донесе и Решение за формирање Комисија за следење на примената и толкување на одредбите на Општиот колективен договор за јавниот сектор.

Со Решението, формирана е Комисијата, со претставници на Владата на Република Северна Македонија и на Сојузот на синдикатите на Македонија. Комисијата, како што образложи дополнителната министерка за труд и социјална политика, ќе разгледува прашања покренати од работници, што се однесуваат на нивни работнички права, согласно Општиот колективен договор.