ЈП Водовод и Канализација извести дека прекин на водоснабдувањето ќе има во делови од општините Сарај и Гази Баба.
Поради отпочнување со реконструкција на ПС Сарај (прва фаза), ќе имаат прекин на водоснабдувањето во населените места Сарај, Глумово, Долна Матка, Горна Матка, Љубин и Арнакија во општина Сарај, во периодот од 9:30 до 18:00 часот.
Во првата фаза од реконструкцијата ќе се изврши замена на затворачите и комплетно електромоторните погони на поле број 3 и поле број 4.
Поради замена на затварач Ф100мм. на Улица Душан Таскович 45 од населба Железара во општина Гази Баба, водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:00 часот до завршување со санација на дефектот.