25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Костадиновска-Стојчевска: СДСМ гради сојузи кои можат да одговорат на предизвиците и да се спротистават на анти-демократските центри чија цел е да го напуштиме европскиот пат

Министерката за култура и потпретседателка на СДСМ, Бисера Костадиновска Стојчевска смета дека е нормално, а и природно проевропски ориентираните политички партии да застанат на иста страна, во одбрана на стратешките интереси на граѓаните, како што се членството во ЕУ и НАТО.

-Ние сме во интензивни разговори со сите наши коалициски партнери, како и со други политички субјекти кои немаат дилема околу европската интеграција – ги следиме анализите, бројките, очекувањата на граѓаните и сметам дека заедно со нашите партнери ќе го направиме чекорот кој е најзаштитнички кога се во прашање граѓаните и европската перспектива на земјата за подобро утре, вели Бисера Костадиновска Стојчевска во интервју за Прес 24.

Потенцира дека изборот на Талад Џафери за технички премиер е дел од политичкиот договр СДСМ-ДУИ, и очекува тој да одговори на предизвикот без проблеми.

-Ние сме одговорна партија која нема да игра на картата на национализмот и популизмот. Најлесно е да растурите политички договор со коалиционен партнер со цел ете можеби да добиете некој политички поен плус, но каде ќе ја одведе тоа државата? Ние сме за градење сојузи кои можат цврсто да одговорат на предизвиците и да се спротистават на анти-демократските центри чија цел е да го напуштиме зацртаниот европски пат, вели Костадиновска Стојчевска во интервјуто.

Очекува уставните измени да бидеат една од главните точки на кампањата, а причината за тоаа ја лоцира во неодговорната опозиција.

– ВМРО-ДПМНЕ очигледно не е на чисто на државната и национална западно-демократска определба и токму поради тоа избегнува да понуди решенија за европската интеграција – тие не предлагаат ништо бидејќи немаат решенија. Тие водат кампаи на национализам наместо да зборуваат за повисоки плати, пензии, за енергетски политики и за социјални мерки. Бидете сигурни дека на изборите гласовите од граѓаните ќе ги бараат со заплажувања за бугаризација, губење на идентитет, со ветувања за нереални промени на преговарачката рамка. Но, граѓаните се многу мудри, вели потпретседателката на СДСМ и Министерка за Култура, Бисера Костадиновска Стојчевска во интервјуто за Прес 24.