25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Centar.mk
.МАКЕДОНИЈА

Костадиновска-Стојчевска: Политикантството на ВМРО-ДПМНЕ го стави прашањето за уставните измени и европската интеграција како точка на претстојните избори

„Неодговорноста кон државата, инаетот и политикантството на ВМРО-ДПМНЕ не само што ги стави граѓаните повторно во неизвесност, туку го стави прашањето за уставните измени и европската интеграција како точка на претстојните избори. Наместо да застанат пред народот со јасна понуда и со решенија, опозицијата одново избра да води националистичко политиканство на сметка на европската иднина на државата и да добива гласови на лаги за уставните измени“, вели Бисера Костадиновска Стојчевска во интервју за Прес 24.

Една од причините за која постојано ги повикувавме да ги изгласаме уставните измени пред избори беше да избегнеме ситуација во која изборна тема ќе биде нашата стратешка цел која сме ја дефинирале уште од осамостојувањето на Македонија, додаде министерката.

„Но, ВМРО-ДПМНЕ очигледно не е на чисто на државната и национална западно-демократска определба и токму поради тоа избегнува да понуди решенија за европската интеграција – тие не предлагаат ништо бидејќи немаат решенија. Тие водат кампаи на национализам наместо да зборуваат за повисоки плати, пензии, за енергетски политики и за социјални мерки. Бидете сигурни дека на изборите гласовите од граѓаните ќе ги бараат со заплажувања за бугаризација, губење на идентитет, со ветувања за нереални промени на преговарачката рамка. Но, граѓаните се многу мудри. Тие знаат да пратат јасна порака ако нешто од ветеното се реализирало, но бидете сигурни дека нема да дозволат ВМРО-ДПМНЕ, партијата со црно минато која не успеа ништо да промени кај себе одново да ни ја носи државата во провалија. Има ова наше општество и сила и сојузници кои ќе ја спречат радикалната опозиција да донесе немир во државата“, потенцираше Костадиновска-Стојчевска.

Таа заклучи дека со вакво деструктивно делување, со ширење дезинформации и паника кај граѓаните, без понуда и реални политики од страна на ВМРО-ДПМНЕ, мнозинството во идната влада ќе го има европскиот фронт предводен од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија. Преговорите со ЕУ и реформите ќе продолжат, платите и пензиите ќе продолжат да растат, граѓаните ќе бидат и натаму заштитени од ценовни шокови. Ќе продолжиме да си ја негуваме и промовираме македонската култура и дома и надвор, како наша идентитетска посебност и гордост.