23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Костадиновска-Стојчевска: Изборот на премиер Албанец кој ја води техничката владата во период од 100 дена пред избори е политичко решение

„Изборот на премиер Албанец кој ја води техничката владата во период од 100 дена пред избори е политичко решение односно договор со кој се формираше владата во 2020 година. Сметам дека Талат Џафери беше одговорен претседател на Собранието, а ќе ве потсетам дека истиот Џафери беше и министер за одбрана во владата на ВМРО-ДПМНЕ во периодот 2013 – 2014 година, вели Бисера Костадиновска Стојчевска во интервју за Прес 24.

Таа додаде дека СДСМ е одговорна партија која нема да игра на картата на национализмот и популизмот. Најлесно е да растурите политички договор со коалиционен партнер со цел ете можеби да добиете некој политички поен плус, но каде ќе ја одведе тоа државата?

„Ние сме за градење сојузи кои можат цврсто да одговорат на предизвиците и да се спротистават на анти-демократските центри чија цел е да го напуштиме зацртаниот европски пат. Затоа, апелирам, да мислиме на државата и на нашата стабилност, да постапуваме мудро и одговорно во интерес на граѓаните и да одолееме на стапиците за меѓуетнички вжештувања. За техничкиот премиер Џафери, сигурна сум дека како и досега одговорно и со должна почит ќе ја извршува функцијата, без да остави простор на никого да фрли дамка на изборниот процес. Во тоа ќе му помогнеме сите членови во оваа влада“, заклучи Костадиновска-Стојчевска.