24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Голем раст на акциите на „Мета“, сега повторно е на исто ниво со „Амазон“ и „Мајкрософт“

Пред три дена беше објавено дека акциите на „Мета“ пораснале 20 %, пренесува „Волстрит џурнал“. Нивната цена на акциите се зголеми речиси тројно во текот на изминатата година. Пазарната вредност на „Мета“ сега повторно надмина трилион долари ставајќи ја на исто ниво со гигантите како „Епл“, „Мајкрософт“, „Амазон“, „Нвидија“ и „Гугл“.

Инаку, компанијата на Цукерберг го напушти клубот на хиперуспешните во 2021 година кога тој излезе во јавноста со план за метаверс, виртуелен свет во кој може да се влезе со помош на уред за виртуелна реалност. На стравот на акционерите влијаеше и промената на името од „Фејсбук“ во „Мета“, како и зголемувањето на трошоците за речиси 80 %. Досега се покажа дека интересот на јавноста за виртуелната реалност е мал.

Во 2022 година пазарната вредност на „Мета“ падна цели 78 % поради што Цукерберг ја прогласи 2023 година за година на ефикасност, во која направи големи промени. Отпушти дури 22 % од вработените.

Изгледа дека „Мета“ заврши со заштеди бидејќи ги зголемија очекуваните трошоци за две милијарди долари на нивниот состанок минатата недела, на 37 милијарди долари за оваа година. Буџетот е зголемен бидејќи ќе купуваат сервери и други компоненти потребни за вештачка интелигенција. Цукерберг рече дека планира да има околу 350.000 од најновите чипови на „Нвидија“, кои ќе ја напојуваат неговата мрежа до крајот на годината. Покрај „Мета“ и „Мајкрософт“, „Гугл“ и „Амазон“ планираат да го зголемат буџетот за речиси 10 % со цел да развијат сопствени капацитети за користење вештачка интелигенција.

„Мета“ повторно вработува, главно програмери со долгогодишно искуство. Цукерберг нагласи дека двата главни проекта и неговата долгорочна визија се метаверзумот и вештачката интелигенција.