25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
НАПРАВИ САМ

Никогаш полесно и поевтино: Еве како да ги отстраните дамките од кафе

Веројатно барем еднаш во животот ви се случило да истурите кафе на омиленото парче облека или чаршав и да помислите дека нема спас.

Иако кафето остава јасно видливи дамки, постои едноставно решение и за овој проблем.

Еве што ви треба за да се ослободите од флеките:

– хартиена крпа

– подлабок сад

– 100 мл алкохолен оцет

– топла вода

– 1 лажичка детергент за садови

– стара четка за заби

Постапка
Нежно намачкајте ја дамката со хартиена крпа за да апсорбира колку што е можно повеќе течност од ткаенината. Истурете топла вода во садот, а потоа натопете парче облека или ткаенина што е валкано, па истурете оцет и детергент. Се добро измешајте и оставете да отстои 30 минути.

После тоа, дамката истријте ја со четка, но не тријте премногу за да не го оштетите материјалот, а потоа измијте ја облеката во машината по вообичаената постапка. Ако дамката се уште е видлива, повторете ја постапката додека ткаенината е влажна.