25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Лукаревска: Откривме голема даночна измама од страна на нафтени компании

Во интервју за Фокус, директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска посочи дека институцијата со која таа раководи успеала сама да открие голема даночна измама од страна на одредени безнински пумпи.

„Аферата, која прво ние во УЈП ја објавивме, се однесуваше на една добро разработена шема на нафтени компании, односно бензински пумпи. За тоа уште во ноември, минатата година, ги известивме и јавното обвинителство и Финансовата полиција и МВР. Станува збор за соодветна даночна измама утврдена со наши анализи, бидејќи бевме оневозможени тоа да го направиме преку сметководственото биро“ посочи Лукаревска.

Директорката појаснува дека случајот што опозициската ВМРО-ДПМНЕ го експлоатира во јавноста е сосема друг случај, но и дека по него исто така се постапува.

„ВМРО-ДПМНЕ објави листа на должници кон Управата за јавни приходи, што не значи само по себе никаков поврат на ДДВ, односно значи дека на време сме спречиле злоупотреба. Да повторам, нафтените компании и бензинските пумпи се еден случај, а ова за што зборува ВМРО-ДПМНЕ е сосема друг случај за кој ние веќе сме констатирале дека станува збор за даночна измама по која соодветно сме постапиле. И бидејќи тоа резултирало со утврдување даночен долг, тие се ставени на листата на должници. Очекувам што побргу да постапат институциите бидејќи во вакви случаи координираната акција е основа на успехот“ објаснува Лукаревска.