Дизелот од утрово поскапи за 2 денари од литар, со што сега ќе изнесува 78,50 денари за литар, одлучи вчера РКЕ.
Цените на бензините остануваат исти. ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 79,50 денари/литар, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 81,50 денари/литар.