22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ИЕ - 5
МАКЕДОНИЈА

Во Битола и Охрид води ЕУ блокот пред ВМРО-ДПМНЕ – потврдија и опозициските анкети

Анкетата објавена во вчерашната емисија „Објектив“ на МРТ, а изработена од Институтот за политички истражувања – Скопје на анлитичарот Владимир Божиновски, кој е близок до опозициската ВМРО-ДПМНЕ, покажува дека Европскиот блок ќе освои повеќе пратеници од опозицијата во петтата изборна единица, каде што се наоѓаат Битола и Охрид.

Според објавените резултати за петтата изборна единица, за ВМРО-ДПМНЕ се изјасниле дека ќе гласаат 19,8 отсто од гласачите, за СДСМ 13,6 отсто, за ДУИ 6,1 отсто, за коалицијата „Европски сојуз за промени“ – 2,1 отсто, за Алијанса за Албанците – 2,8 отсто, за Левица се изјасниле 2,9 отсто и за ЗНАМ – 2 отсто.

Претворено во мандати тоа би значело дека ВМРО-ДПМНЕ ќе освои 9 пратеници, СДСМ 6, ДУИ 3, Алијанса за Албанците 1, исто колку и Левица.

Тоа значи дека Европскиот блок, составен од СДСМ, ДУИ, Алијанса за Албанците, ЛДП, ДОМ, ВМРО-Народна партија би освоиле 10 мандати од петтата изборна единица, наспроти 9 на ВМРО-ДПМНЕ.

Ваквите резултати, на анкета од институт близок до опозицијата, само покажуваат дека граѓаните избираат извесна европска иднина, наспроти неизвесност и изолација со опозициската ВМРО-ДПМНЕ.