24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Митрески: Ќе направам сè, да се обезбеди нормално и ефикасно функционирање на Собранието

„Точно е дека се одржа првата координација, точно е дека не беше присутен координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, точно е дека имаше присутен пратеник од опозицијата кој сметал дека треба да биде присутен и беше коректен, прашуваше кои се плановите, кога ќе има седници, кога ќе има работни тела, прашуваше работи кои се односуваат на функционирањето на Собранието. Кажав и на првата изјава и од пленарната сала кога вршевме примопредавање на функцијата со г.Џафери, дека ќе направам се да бидам во комуникација со сите пратеници, со акцент на опозицијата затоа што сметам дека мора да има комуникација, но таа мора да биде двострана. Ќе направам се да се обезбеди нормално и ефикасно функционирање на Собранието“, рече претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески во Дневникот на Сител ТВ.

Во однос на тоа дали веќе потпишаните закони од Ковачевски можат да влезат во собраниска процедура, Митрески посочи дека такви случаи имало и претходно и притоа се осврна на процедурата, која налага собранието да се обрати до владата да извести кои се тие закони, а Владата одговара со тоа дали остануваат истите текстови и дали има промени. Тој посочи дека добиена е потврда од старана на владата дека остануваат сите закони.

Прашан за законот за бранителите, тој информираше дека е во фаза на превод, како и дека очекува во најскоро нвреме да биде завршен и да биде ставен на седница на 7 февруари, прва наредна седница.