Европските и американските берзански индекси денеска се во пораст, додека цената на нафтата и златото во исто време пораснаа. Индексот DAX на Франкфуртската берза денеска во 9:15 часот порасна на 16.970,22 поени, лондонски FTSE 100 на 7.656,16 поени, францускиот CAC 40 на 7.650,35 поени, а московскиот MOEX на 3.193,83 поени.
Индексот EURO STOXX 50, кој ги следи перформансите на висококвалитетните (блу чип) акции на 50-те најважни компании во 12 земји од еврозоната, денес е највисок во последните 23 години и изнесува 4.654 поени.
Вредноста на американскиот берзански индекс Дау Џонс порасна на 38.333,45 поени, вредноста на индексот S&P 500 на 4.927,93 поени, а индексот Nasdaq на 15.628,04 поени.
Според податоците на берзата, цената на суровата нафта се искачи на 76.804 долари, а на нафтата од типот брент на 81.856 долари.
На отворањето на берзата ТТФ европските фјучерси на гас се продаваа по цена од 28 евра за мегават-час.
Цената на златото порасна на 2038,66 долари за унца (унца е еднаква на 28,35 грама), а цената на пченицата падна на 5,9249 долари за бушел (бушел е 27,216 кг).
Вредноста на еврото во однос на доларот изнесуваше 1,08234, што е приближно исто како и вчера.