Полициски службеници на СВР Тетово, вчера, околу 11.30 часот, на улицата Благоја Тоска во Тетово лишиле од слобода двајца малолетници од Тетово, извести СВР Тетово.
„Тие се сомничат дека пред неколку дена во Скопје противправно одзеле патничко моторно возило ‘хонда’ и без регистарски ознаки и дозвола го управувале. Двајцата се задржани во Полициската станица Тетово, а возилото му било вратено на 35-годишниот сопственик А. Ј. од Скопје“, соопшти СВР Тетово.
По целосно документирање на случајот, против малолетниците ќе следуваат соодветни поднесоци.