17.8 C
Скопје
22. септември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Меџити: Кај 25-годишна пациентка, која била во тешка состојба, извршена е трансплантација на бубрег, сега е во добра состојба

Министерот за здравство, д-р Фатмир Меџити, беше во посета на Универзитетската клиника за урологија по повод 500-тата трансплантација на бубрег во јавното здравство.

„Денеска сме во посета на Клиниката за урологија по повод одбележување на петстотата трансплантација на бубрег во јавното здравство. Во декември успешно се изведе јубилејната трансплантација на бубрег кај 25-годишна пациентка, која била во тешка состојба. Особено ми е драго што по оперативниот зафат и постоперативниот тек, денеска таа е во добра здравствена состојба и полека им се враќа на секојдневните животни активности“, рече Меџити.

Упати честитки до директорите на клиниката, до националниот координатор за трансплантација и целиот стручен тим за одличните резултати што ги постигнуваат сите овие изминати години.

„Органодарителството претставува едно од најголемите достигнувања во медицината. Органодарителството спасува животи и се гордеам што свесноста и важноста сè повеќе се зголемуваат. Продолжуваме да водиме вистинска грижа за пациентите и за здравствените работници“, изјави министерот Меџити.