25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

ЦУК: 1.918 повици на 112 во последното деноноќие, успешна спасителната акција на Водно

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека во последното деноноќие имало вкупно 1.918 повици на Единствениот број за итни случаи 112, од коишто „реални“ повици биле 34,52%, а 65,48% биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон Полиција биле упатени 53,73%, кон Итната медицинска помош 33,73%, а кон пожарникарите 8,24% од реалните повици кон 112 во ЦУК. Збирот повици што биле за комбинирано решавање од „реалните“ повици во ЦУК, 4,31% со другите 65,48% што се именувани како „неитни повици“, биле вкупно 1.266 на број и биле предмет на примање, на обработка во ЦУК, а и на директно координирање за нивно решавање со други институции од Системот за управување со кризи, согласно природата на пријавените итни случаи.

Инаку, сношти, по добиениот повик на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК дека на Водно имаше спасителната акција на Водно, што успешно се заврши со голема пожртвуваност од сите ангажирани субјекти кои пешки стигнале до повредениот, му пружиле прва помош, го грееле со оган и потоа на повредениот раце околу еден час бил носен по замрзнат терен до возилото на Итна медицинска помош за транспорт до болница, на крајот од денот, а во првиот мрак. Ангажираните од Итната медицинска помош, Полициската станица „Карпош“ и специјалците од ЕБРД на МВР, реагирале оптимално и согласно природата на итниот случај и можностите на теренот кога почнува ноќта. Хеликоптерската единица на МВР, а и припадниците од Армијата на пунктот на Водно биле во подготвеност, ако требало.

Пожари на вегетација на отворено според извештаите на Регионалните центри за управување со кризи во државата се уште има, така што и во последното неделно деноноќие имало девет (9) пријавени за запалена нискостеблеста шума и друга вегетација, а пожарникарите гаснеле и отпадоци, ѓубришта и запалени контејнери на отворено на територијата на државата.