На 29.01.2024 во 19.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека во продажен објект на подрачјето на Кисела Вода бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу две лица на возраст од (43) и (25), двете од Скопје.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.