Министерството за здравство информира дека, поради истекување мандат во време на предизборниот период, спореведни се конкурси во 3 јавно-здравствени установи за избор на 4 директорски места.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби – Скопје, по спроведениот конкурс, за нов медицински директор избран е д-р Фадил Цана во согласност со доставените документации.
На Клиниката за гинекологија и акушерство – Скопје, по спроведените конкурси, мандат повторно доби Викторија Јовановска како медицински директор и Јетон Шаќири како организациски директор.
На Клиниката за психијатрија за медицински директор повторно е назначен проф. д-р Стојан Бајрактаров.
Сите именувани директори на јавно-здравствените установи се стручни во својата област и имаат долгогодишно искуство.