На 1 Февруари и Германија го започнува експериментот за четиридневна работна недела, но за иста плата.
Експериментот во кој се вклучени 45 компании има за цел да ја измери продуктивноста на работниците а во исто време да се провери тврдењето дека луѓето кои работат пократко не само што се посреќни туку и поефикасно ги извршуваат своите работни задачи.
Самиот експеримент ќе трае 6 месеци а работниците ќе ги добијат истите плати за намален број на работни часови.
Во моментов германскиот пазар на труд се соочува со големи проблеми и штрајкови.
Според бизнис аналитичарите, недостигот на квалификуван кадар како и високата инфлација, комбинирано со намалување на наталитетот на населението и стареењето, до 2034 година би довело до намалување на работната сила за околу 7 милиони работници.
Поддржувачите на овој експеримент истакнуваат дека новитетот би можел да привлече нов кадар во Германија, земја која според Евростат веќе има најголем удел на хонорарно вработени во ЕУ.