Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, ја одржа првата редовна понеделничка координација, по изборот на функцијата.
Покрај претставниците на пратеничките групи во Собранието, на координацијата присуствуваа и потпретседателите Горан Мисовски и Хусни Исмаили, генералната секретарка Цветанка Иванова и вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, како претставник на Владата. Присутни беа и заменик-координаторот на ПГ на СДСМ Диме Велковски, координаторот на ПГ на Алијанса на Албанците Аднан Незири и пратеникот на Левица Борислав Крмов.
На средбата беа разгледани пристигнатите материјали во Собранието во изминатиот период, по што е закажана и првата нова седница, која ќе почне на 7 февруари.
Како што беше заклучено, Собранието ќе продолжи со редовна динамика и во полн капацитет и во наредниот период, до почетокот на кампањата за изборите, така што за во деновите што претстојат ќе работат со пол интензитет и собраниските комисии.