18. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
вестМАКЕДОНИЈА

Лукаревска: Нема поубава симболика од победа на нашата коалиција на 8 мај, во пресрет на Денот на Европа

„Убедена сум и знам дека Европскиот фронт ќе издвојува победа на парламентарните избори, а пред тоа и на претседателските избори. Нема поубава и поцврста симболика од изборите на 8 мај и победата што ќе ја имаме како коалиција во пресрет на Денот на Европа – 9 Мај“ рече заменик-претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска во отворената програма на ТВ21.

Таа додаде дека се уште нема конечен став околу тоа дали владините партнери ќе настапат со заеднички листи на изборите, но кажа дека тоа што ги убединува СДСМ, ДУИ и Алијанса е европската идеја.

„Ги отвораме вратите кон секоја политичка партија, политички субјект, граѓански сектор, поединици кои сметаат, знаат и очекуваат дека СДСМ на чело на Европскиот фронт ќе обезбеди Македонија да биде во ЕУ до 2030 година“ рече Лукаревска.

Можеби ќе ве интересира

Критично на неколку локации – пожари беснеат низ шест општини

ДЕСК

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА ГОЛЕМИ ПРОМЕНИ СО ВРЕМЕТО, ДОЖД И НЕВРЕМЕ ДОАЃА НИЗ ЦЕЛА МАКЕДОНИЈА – Метеоцентар со детлана прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Во тек невреме во Преспанско-охридскиот регион, истура дожд и североисточно од Пробиштип

ДЕСК