Дел од студентите за ММС изјавија дека се задоволни од висината на субвенцијата за студентски оброк, иако станува збор за скромни 140 денари, но бидејќи е субвенција, која треба да помогне на студентите да си овозможат оброк, тоа е добредојдено за скромниот студентски буџет.
Ако се спореди македонската студентска субвенција со онаа што ја добиваат студентите во Словенија, а која изнесува помалку од три евра, тогаш нема причина да не бидат задоволни од помоштта што ја дава нашата држава, пишува ММС.
Студентите бараат наместо дневно, субвенцијата да се исплаќа неделно и секој понеделник тие да имаат на располагање 840 денари, пари што ќе може да ги потрошат во текот на таа недела.
Право на субвенциониран оброк имаат сите редовни студенти запишани на додипломски студии на државните и приватните универзитети. За да добијат оброк, студентите треба да не се во редовен работен однос, да не извршуваат дејност регистриран земјоделец и да немаат месечни приходи повисоки од минималната плата.