Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во емисијата „Трилинг“на ТВ 24, одговарајќи на прашањето дали е договорена коалиција СДСМ-ДУИ или окрупнување на европскиот фронт за претстојните избори, потенцираше дека тоа се концепти за кои се разговара и се уште се прават анализи.
„Ова е период во кој се прават сите тие анализи и сигурно дека ќе се донесе одлука. За мене е многу важно да имаме во тој дел навистина добра понуда за граѓаните која ќе понуди извесност, просперитет и која што ќе понуди остварување на нашите стратешки и национални интереси“, рече Спасовски.