20.8 C
Скопје
22. септември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Македонската царина препрека за криминалот и лидер во надзор и контрола на регионално ниво

За половина година Царинската управа ги зголемила заплените за 30 проценти, во однос на истиот период минатата година приходите се за 10,3 отсто повисоки, а бележи и пораст на приходите од данок на моторни возила проценти. Исто така за 5 отсто повеќе пораснале приходите од акциза со што учеството во државниот буџет е за 43 отсто . Меѓу позначајните заплени се 66 илјади парчиња ризични лекови, што е една од најголемите бројки во историјата на Царинска управа во овој дел. Посериозни резултати се очекуваат и со започнување со работа на новиот Сектор за посебни истражни мерки, којшто освен со шверцот – директно ќе се бори и со корупцијата.

Двата клучни сектори за сузбивање на корупцијата и организираниот криминал, Секторот за контрола и истраги и Секторот за посебни истражни мерки, ќе се зајакнат и со опрема, меѓу којашто се и дроновите што ќе бидат обезбедени како донација од Обединетото Кралство.

Беспилотните летала овозможуваат покривање на поголеми области, поголема видливост и во текот на ноќта, како и фотографирање од далечина со висока резолуција. Ова е од голема корист при вршење на специјалните задачи поврзани со откривање организиран криминал и корупција.

Оваа статистика ја искачи земјава на врвот на царински управи во регионот. Токму затоа, Скопје беше домаќин на 10-тиот неформален регионален состанок на кој учествуваат директори и високи претставници на Царинските управи од Западен Балкан, како и претставници од Британското министерство за надворешни работи – канцеларија за меѓународни операции и EXBS, во организација на Царинската управа и со поддршка на Царинската и даночна служба на Обединетото Кралство.

За поефикасна работа, конкретни резултати клучна во борбата против шверцот, нелегалната трговија и организираниот криминал, полнење на државните Буџети на регионалните царини од исклучително значење е заедничката соработка.

„Она што денес е вистински предизвик за нас е да обезбедиме баланс помеѓу потребата од забрзан транспорт и олеснување на трговијата од една страна, и спроведување на ефикасни контроли за заштита на безбедноста и здравјето на граѓаните од друга страна. Остануваме и во иднина безусловно посветени на борбата против криминалот и корупцијата и ќе продолжиме со заеднички напори за придонес кон безбедноста и поддршката на легалната трговија, со што ќе обезбедиме забрзан развој и напредок на регионот“, истакна директорот на Царинската управа Стефан Богоев во обраќањето на состанокот.

Богоев вели дека од назначувањето за директор ЦУ, фокусиран е на две работи: Царинската Управа да биде ефикасен сервис на македонскотот стопанство, што ќе обезбеди поголема конкурентнот на компаниите на меѓународниот пазар и да делуваат на сузбивање на шверцот, нелегалната трговија и корупцијата што е клучно за ефективен безбедносен систем и создавење услови за поголем економски раст.

Директорот на македонската царина истакна дека во кинтинуитет се превземаат чекори за дигитализација на царинското работење, преку дигитализација и надградба на ИТ системите, воведување зелени ленти и граничните премини, унапредување на програмата за овластен економски оператор, поедноставување на царинските постапки, реконстрикција и модернизација на граничните премини.

„Резултатите од нашето работење се пресликуваат во зголемен број на увозни, извозни транзитни декларации за 8,6% во изминатата година во споредба со 2022 година, или во реална бројка над 1,5 милиони обработени документи. Нашите напори за заштита на општеството преку спречување на нелегалната трговија веќе дадоа и видливи резултати. Во 2023 година, бројот на случаи на заплени е зголемен за речеси 30% во споредба со 2022. Очекувам бројот на заплени и понатаму да расте со имплементција на новиот напреден систем за Анализа на ризик и податочен склад, воведување автоматизација на граничните премини и паметни камери, а оваа година царинските службеници на најфрекфентните гранични премени ќе бидат опремени и со телесни body камери. Овие активности на кои посветено работиме резултираат со поголем број на наплатени приходи од страна на Царинската Управа во државниот Буџет, што секако значи повеќе пари за здравство, образование, модерна инфраструктура од кои бенефит ќе имаат сите граѓани“, истакна Богоев.

На настанот присуствуваше и амбасадорот на Обединетото Кралство Метју Лосон, кој во своето обраќање посочи: „Обединетото Кралство е посветено на регионот и на соработката со Северна Македонија. Безбеден, стабилен и просперитетен регион подразбира посилни партнери за Обединетото Кралство со кои можеме да работиме заедно за подобрување на безбедноста и стабилноста, како и да поттикнеме подобрување на трговската соработка со Западен Балкан. Зголемената способност на царинските службеници од целиот регион да работат заедно за зајакнување на механизмите за гранична контрола и споделувње на разузнавачките информации на регионално ниво ќе помогне во решавањето на заедничките закани од сериозниот и организиран криминал, како и на економскиот криминал“.

На регоналниот состанокот се разгледувал и напредокот во реализацијата на активностите за дефинирање на рамка за безбедна размена на информации преку SEED системот од областа на анализа на ризик, но и во размена на оперативни разузнавачки информации со цел спречување на шверцот, нелегалната трговија и организираниот криминал. Тема на разговор било и подготовка на заеднички проекти и идни активности на Царинските служби од регионот со цел олеснување на трговијата, унапредување на царинските постапки и економската соработка во Западен Балкан.

Царинската Управа во континуитет работи на усогласување со Европската регулатива

Македонската Царинска Управа од аспект на регионалната интеграција веќе има воспоставено Оne stop shop и заеднички контроли со Србија на граничниот премин Табановце-Прешево, од јуни минатата година и на граничниот премин Ќафасан-Ќафтане со Албанија, а се подготвуваат активности за поставување на ваков концепт и на граничниот премин Блаце со Косово.

Неодамна со Србија потпишан беше и протокол за меѓусебно признавање на белешките од мерење на стока на Царинските терминали.

Царинскта Управа ги усогласува и транзитните системи со ЕУ и нивната регулатива. Што би значело дека може да се отвори транзитна постапка во Македонија и да се затвори некаде во Хамбург. Или цела транзитна линија да се поминете со една постапка. На тоа поле Македонската Царина е ресичи усогласена и продлжува да се усогласув.

„Од другастрана, Отворен Балкан е прилично корисен за добар дел на транспортни компании, увозници и извозници. Генерално сите тие земји тежнееме кон усогласување со регулативата на ЕУ. Нешто што очекувам да се случи во почетокот на нареднтата година е меѓусебно признавње на кантарски белешки , тие се мерењата на кванташка вага со српската царина. Тоа значи дека ако сте возач на камион , ако се мерите на вага на Прешево и велегувате на македонска страна на Табановце, нема потреба да се мерите и обратно. Тоа заштедува време .Имате две мерења а една граница. Тоа е незамисливо. Во моментов се изработува софтвер на македонскот МВР и српското со кое еднаш ќе се помине пасошот и тоа ќе биде баш она буквално „One stop Shop“.А ние како Царинска управа имаме олеснети постапки во рамки на Отворен Балкан“, рече Богоев во декемри за Слободен печат.

Македонската Царина како лидер во Регионот добива пристап до нови 10 милиони долари за развојни проекти од Корејската Влада

Потврда за успешната работа на Царинската Управа и нејзиното лидерство во Регионот даде и Корејската Влада. Неодамна беа потпишани нови меморандуми за соработка помеѓу македонската и корејската Царина со што се овозможува пристап до нов фонд до 10 милиони долари за развојни проекти. Беа доделени 4,8 милиони долари грант за развој и имплементација на систем за управување со ризици и податочен склад.

„Користењето на вештачка интелигенција за селекција на сомнителни декларации од базата на податоци е во насока на прибирање повеќе приходи во Буџетот како и сузбивање на криминалот и корупцијата. Воспоставувањето на овој систем ќе овозможи подобро таргетирање декларации во коишто постои ризик за плаќање давачки во помал износ од реалната цена на стоката, ризик од погрешно царинско распоредување или ризик од неточно пријавување на потеклото на стоката“, истакна Богоев.

Извор: Racin.mk