13. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

ЈСП нема да вози по 9 часот наутро, одлучи синдикатот

Автобусите на ЈСП ќе останат во гаражите по 9 часот наутро, одлучи Синдикатот на вработените во ЈСП. Вработените потоа ќе одат во Град Скопје за да ја проследат седницата која ќе се одвива таму, а на која на дневен ред се субвенциите за ова јавно претпријатие.

„Вработените во ЈСП имаат срце и душа да излезат во пресрет на болните луѓе и децата, вработените, за да стигнат на работните места. Потоа, во 9 часот сите автобуси се повлекуваат. Во 10:30 часот, вработените ќе бидат во Град Скопје и ќе останат се до носење на одлуката“, рече Миќо Стојановски, од Синдикатот на ЈСП.

Синдикалците од ЈСП велат, ако легнат парите за плата на сметка, возачите ќе ги вратат автобусите на улица.

Можеби ќе ве интересира

Шукова: Да се формира стручен штаб за Дрисла од експерти, чадот е закана за целиот град

C +

Извршниот одбор на СДСМ утврди уште нови 4 кандидати за градоначалници

C +

Филипче до Мицкоски: Зошто не дозволувате декласификација за случајот со АНБ, јавниот интерес треба да е пред сè?

C +