28. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Никогаш досега во историјата на државата за две години не беа зголемени пензиите 30 отсто, рече Тренчевска

„И оваа година во декември 2023 обезбеден е пакет финансиска подршка за пензионерите со пензија до 19.000 денари и најмногу е одделена за оние со најниски пензии, до 14.000, по 3.000 денари во наредните 5 месеци“, рече министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, на трибина на Сојузот на борците по повод 80 години од ослободувањето на градовите.

„Пред новогодишните празници едната рата беше исплатена, сега за една недела ќе биде испратена и втората, на 24 јануари, така што во наредните месеци сите пензионери што влегуваат во оваа категорија граѓани ќе имаат повеќе финансиски средства“, посочи Тренчевска.

Како што истакна, ако се види колку се зголемила пензијата со години наназад и колку се зголемила од воспоставувањето на методологијата на Владата, ќе се види дека навистина има едно системско решение, кое дава и на краток рок резултати, меѓутоа многу повеќе дава на среден и на долг рок.

„Март доаѓа, ќе имаме повторно покачување на пензиите, ќе имаме двапати годишно покачување и никогаш досега во историјата на државата за две години не беа зголемени пензиите 30 отсто. Како што растат трошоците за живот, така ќе растат и пензиите“, заврши Тренчевска.