17.8 C
Скопје
22. септември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Арсовски: Здраво е за политичкиот амбиент да имаме предизборни коалиции меѓу македонски и албански партии

За политичкиот амбиент во Македонија, здраво е да имаме коалиции меѓу партии од македонскиот и албанскиот политички кампус, затоа што до сега имавме еден паралелизам каде што чекавме кој ќе победи во македонскиот а кој во албанскиот блок па потоа да се спојат без оглед дали нивните програми се можеби некомпатибилни, рече политичкиот аналитичар Петар Арсовски во емисијата Студио 10 на ТВ 24.

Во однос на ставот на ВМРО-ДПМНЕ дека ќе учествува, но нема да гласа за техничка Влада, Арсовски смета дека јасно е дека таа партија не сака никаков вид на соработка со ДУИ,

„Не е голема тајна дека ВМРО-ДПМНЕ не сака ниту предизборна ниту никаква соработка со ДУИ и став на ВМРО-ДПМНЕ е след на тој на политички наратив. Проблемот е што по закон, таа партија мора да предложи министри во техничката влада и тие би го прекршиле законот кога не би предложиле министри и затоа тие се обидуваат да најдат среден пат, да го задржат тој политички наратив, а сепак да не го прекршат законот. Проблем е антагонизмот ВМРО-ДПМНЕ кон ДУИ и кон Албанците и таа етничка тензија е најсуштинскиот прпоблем во политичкиот дискурс во Македонија“ смета Арсовски.

Арсовски истакна дека концептот на Пржинска влада е надминат формат и треба да се напушти на наредните избори.

„Тој формат е надминат бидејќи беше измислен специјално за да ги спречи злоупотребите на претходниот режим, кој ги злоупотебуваше институциите пред избори. Ако такви недостатоци веќе не се констатирани тогаш тој формат да згасне, но полиитчките партии не успеаја сега да се договорат за изборите затоа што немаше време, но тој формат треба да згасне за наредните избори“ заклучи Арсовски.