17.8 C
Скопје
22. септември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Арсовски: Добро е што уште сега постојат два блока, “за” и ” против” ЕУ па граѓаните ќе знаат како да гласаат

Јасно е дека на изборите два големи блока ќе се формираат околу За и Против продолжување на преговорите со ЕУ и таа поделба веќе постои и веќе функционира, порача политичкиот аналитичар Петар Арсовски во емисијата Студио 10 на Телевизија 24.

Според него, добро е гласачите пред изборите да имаат целосни информации за што ќе се залагаат партиите и коалициите откако ќе ја добијат довербата.

„Добро е да има што појасни коалиции пред изборите за гласачите да имаат што повеќе информации за тоа што тие коалициски партии ќе прават во текот на мандатот во таа смисла, мене предизборен блок, проверопски илинеевропски, проекономски и неекономски и слично мене не ми пречи. Важно е да знаат гласачите што се програмите на партиите кој со кого планира да соработува и што плнира да прави во текот на мандатот“ посочи Арсовски.

Запрашан околу пресметките на вкупниот број освоени мандати на најавениот проевропски блок, Арсовски оцени дека има некои фактори кои влијаат во полза на таква предизборна коалиција, а некои фактори влијаат негативно

„Тоа што влијае во полза на таква коалиција е нашиот Донтов изборен модел, бидејќи остатоите од количниците на тие што би изгубиле кога би трчале индивидуално на озбори, сега нема да ги изгубат ако одат заедно со фронтот. Проценката е дека таквата предизборна коалиција би била наградена помеѓу два и четири пратеника плус од изборна единица преку самиот Донтов модел. Втората причина што оди во полза е дека такво окрупнување може да создаде амбиент во кој таа предизборна коалиција се смета за природен победник на изборите. Сепак, проблематично е што кога се прават вакви калкулации вие не знаете каква е сликата на терен. Дали сите гласачи кои би гласале за една од тие партии, би гласале за конкретната парија и кога сите ќе се спојат заедно. Односно дали сите гласови на сите партии од коалицијата ќе останат на куп или евентуално ќе се раситнат“ истакна Арсовски.