24 C
Скопје
22. септември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Рамадани: ВМРО-ДПМНЕ се плаши од Талат Џафери како технички премиер, бидејќи нема да им остави простор за опструкции и малверзации

„Ако имаат намера министрите и дополнителните заменици од ВМРО-ДПМНЕ, да дејствуваат надвор од законот за техничка влада, тогаш ја знаат острината на Талат Џафери и дека тој најверојатно ќе реагира поостро и нема да дозволи да се функционира надвор од пропишаното во законот за техничка влада“ рече политичкиот аналитичар Исмет Рамадани во „Студио 10“ на ТВ24.

Тој додаде дека има ситуации каде техничките министри и дополнителни заменици, по директива на партијата се баваат со опструкции и со работи кои не се во рамките на техничката влада.

„Тие мислат дека имаат право да дејствуваат како политички личности со политички функции, да излегуваат надвор од законот“ рече Рамадани.

Тој додаде дека ВМРО-ДПМНЕ веројатно претпоставуваат, знаејќи го Џафери како претседател на Собрание, дека ќе се држи стриктно до законот и деловникот и нема да остава простор за импровизации.