Владата на Република Северна Македонија, на предлог на Министерството за надворешни работи, дискутираше околу предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за рестриктивни мерки и со консензус, едногласно, изрази политичка волја да се поднесе закон до Собранието на Република Северна Македонија, којшто ќе биде усогласен со македонското законодавство.
Исто така, ќе бидат иницирани измени и на други закони, на коишто ќе имаат одраз измените на Законот за рестриктивни мерки.
Според информациите во новиот закон ќе влезе и американската и британската црна листа, при што надлежните институции ќе може да иницираат истраги врз основа на овие листи.