13. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАвест

Земон во Студио на Слободен печат: Меката моќ во меѓународните односи е натпревар на глобален отворен пазар

Во студиото на Слободен печат утрово гостин беше Рубин Земон, директор на Центарот за напредни истражувања кој од 17 до 19 јануари во Битола и Охрид организира Меѓународна конференција за промоција на тврдата и мека моќ, преку кулурата и културното наследство, заштитата на животната средина и туризмот.

Во гостувањето Земон зборуваше за тоа што е тврда, што мека а што остра моќ во меѓународните односи и како тие влијаат врз општествата. во организација на Центарот за напредни истражувања

„Мека моќ, е една теза која е поставена во 80тите години во САД а тоа значи дека државите во димпломатијата наместо да прибегнуваат кон милитанти методи (тврда моќ) треба да промовираат меки методи а тоа е преку културата и културните вредности, преку инвестициите во економијата, со што ќе се направи подобар свет. Еден од најпознатите методи на мека моќ што се случила многу порано од дефинирањето на тезата е Маршаловиот план по Втората светска војна што САД ја примени во педесеттите години од минатиот век“ посочи Земон.

Според него Меката моќ е отворен глобален пазар каде некои земји стратешки се поставуваат, а некои немаат стратегија како да се постават во тоа ширење на влијание преку култура, туризам, економија и слично.

Можеби ќе ве интересира

Филипче од Струмица: Сум ги гледал луѓето во очи кога им било најтешко, верувам дека на секој мора да му се помогне

ДЕСК

Филипче од Струмица: Македонија не може да ја води Мицкоски, човек без компас и без човечност!

ДЕСК

Павле Трајанов најави победа на советничката листа на Демократски сојуз во Конче

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.