Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,64 % во однос на одлуката од 9.1.2024 година.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините 1,387%, кај дизелот зголемување од 1,583 %, кај екстра-лесното масло зголемувањето е 2,420 % и кај мазутот зголемувањето е 0,842 %.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок 0,419 %.
Малопродажните цени на бензините „евросупер БС-95“ и „евросупер БС-98“ се намалуваат 0,50 денари/л.
Малопродажната цена на „евродизелот (Д-Е V)“ се зголемува 1,00 денар/л.
Малопродажната цена на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува 1,50 денар/л.
Малопродажната цена на „мазутот М-1 НС’ се зголемува 0,424 денари/кг и сега изнесува 41,941 денар/кг.
„Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00.01 часот на 16.1.2024 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт може да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени“, велат од РКЕ.