22. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

ЕВН, ЕСМ и ЕДС во трка за универзален снабдувач со струја

Во Владата јавно беа отворени понудите на пријавените на јавниот повик за универзален снабдувач со струја.

Пристигнати биле три понуди: од досегашниот снабдувач ЕВН Хоум, ЕСМ Продажба, како и ЕДС АД Скопје.

ЕВН понудила бруто маржа од 11,4%. Исто толкав процент понудила и ЕСМ Продажба. Нешто повиска маржа од 11,45% понудиле од ЕДС.

„Според процедурата, после евалуацијата на економско-финансиската и на техничката способност на понудувачите, економските оператори чии понуди ги исполнуваат условите согласно критериумите наведени во тендерската документација ќе бидат поканети да учествуваат на негативно наддавање преку електронска аукција, пришто како почетна вредност ќе се земе најниската од понудените маржи на економските оператори чии понуди ги исполнуваат условите согласно критериумите наведени во тендерската документација“, велат од Владата.

Понудувачот кој на електронската аукција ќе понуди најниска маржа ќе биде поканет да го потпише Договорот за универзален снабдувач со електрична енергија.

При отворањето на понудите, присутни беа и овластени претставници на дел од економските оператори кои имаа доставено понуди, и истите немаа никакви забелешки за процесот на отворање на понудите.

Постапката треба да се заврши во рок од шест месеци од денот на објавувањето во Службен Весник на одлуката на Владата на Република Северна Македонија за отпочнување на постапката за избор на универзален снабдувач на електрична енергија, која е објавена на 20.10.2023 година. Комисијата ќе настојува да ја заврши евалуацијата во текот на наредната недела, по што ќе следи јавно наддавање кое би се случило до крајот на овој месец.

Можеби ќе ве интересира

Три концесии за експлоатација на минерални суровини еднострано раскинати – Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини и Владата ја засилуваат контролата

ДЕСК

ДОДЕКА ИНФЛАЦИЈАТА ГАЛОПИРА, ПАЃА ПРОСЕЧНАТА ПЛАТА: Во јуни била 45.469 денари, помалку за околу 300 денари од претходниот месец

ДЕСК

Шведска студија: Овие три професии први ќе бидат погодени од вештачката интелигенција

C +