9.8 C
Скопје
22. септември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Општинските организации на СДСМ со над десет предлози за кандидат за претседател меѓу кои и Пендаровски, Црвенковски, Заев, Шеќеринска, Спасовски…

Општинските организации на СДСМ подготвиле листи со предлози за кандидат за претседател од владејачката партија, а помеѓу имињата кои биле евидентирани досега се споменуваат актуелниот претседател Стево Пендаровски, премиерот и лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски, генералниот секретар на партијата Миле Зечевиќ, министрите Славјанка Петровска и Оливер Спасовски, потоа Радмила Шекеринска, Ѓорѓи Спасов, Бранко Црвенковски, Сашо Орданоски, Маргарита Цаца Николовска, Зоран Заев, Венко Филипче и Јован Митревски, открива „Слободен печат“.

Владејачката партија ќе продолжи со внатрепартиските, но и анкети на граѓани, каде ќе се тестираат сите имиња со цел резултатите од истражувањата да се вклучат во носењето на финалната одлука.

Како што објави „Слободен печат“, помеѓу имињата кои се анкетираат биле и тие на Денко Малески и Ивон Величковски, а СДСМ има и отворен јавен повик за самокандидирање, преку огласи во дневни весници на македонски и албански јазик.

Тоа значи дека може да се кандидираат сите личности кои не се од СДСМ, но ги споделуваат социјалдемократските вредности. Партиската процедура предвидува по номинацијата сите евидентирани кандидати за претседател на државата да се најдат пред раководството на партијата, а предвидена е консултација и со коалициските партии, како и одржување на конгрес за финален избор на кандидатот за претседател.

Според извори од СДСМ за „Слободен печат“, ваквата постапка за избор во рамките на партијата овозможува да се избере кандидат со најголем коалициски потенцијал, но засега нема информации дали избраниот кандидат навистина ќе биде коалициски.