16. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

СДСМ избира најдобар од 15 кандидати за претседател – помеѓу имињата истакнати лидери и општественици

Владејачката СДСМ за кандидат за претседател на државата на анкетите тестирала повеќе од 15 имиња, меѓу кои се среќаваат поранешни и актуелни функционери, премиери, претседатели, министри. Од СДСМ за „Слободен печат“ брифираат дека сите имиња коишто ќе бидат евидентирани ќе бидат тестирани и преку анкети. Врз основа на анализите коишто ќе ги вклучат и резултатите од истражувањата на јавното мислење ќе биде донесена и финалната одлука.

Како што објави „Слободен печат“, во општинските организации на партијата се споменувале имињата на актуелниот претседател Стево Пендаровски, премиерот и лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски, генералниот секретар на партијата Миле Зечевиќ, министрите Славјанка Петровска и Оливер Спасовски, потоа Радмила Шекеринска, Ѓорѓи Спасов, Бранко Црвенковски, Сашо Орданоски, Маргарита Цаца Николовска, Зоран Заев, Венко Филипче и Јован Митревски.

Дополнително, помеѓу имињата кои се дел од внатрепартиските анкети се и оние на Денко Малески и Ивон Величковски, а од партијата најавуваат дека анкетите ќе продолжат и меѓу граѓаните.

Дополнително, во СДСМ е отворен е и јавен повик за самокандидирање, преку оглас во дневни весници на македонски и албански јазик, што значи дека можат да се кандидираат и на личности кои не се од СДСМ, но ги споделуваат социјалдемократските вредности. Партиската процедура предвидува по номинацијата сите евидентирани кандидати за претседател на државата да се најдат пред раководството на партијата, а предвидена е консултација и со коалициските партии, како и одржување на конгрес за финален избор на кандидатот за претседател.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Пораката на Венецијанската комисија е јасна, реформи за независно судство

ДЕСК

Филипче од Гостивар: Со буџетска дупка од 1,4 милијарди евра, ВМРО-ДПМНЕ ја води Македонија во финансиски колапс

ДЕСК

Филипче од Гостивар: Национализмот на ДПМНЕ му служи за прикривање на нивната неспособност

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.