24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

ВЕШТАЧКИ КРЕИРАН ХАОС: Кој ги лаже пензионерите дека личните карти мора да се сменат до крај на февруари за да земат пензија?

Хаосот кој се случува во Скопје поради големите гужви и интерес на граѓаните, особено пензионерите за да извадат лични карти е предизвикан од лажна кампања на социјалните мрежи од одредени политичари на кои им одговара создавање на хистерија, хаос и инциденти, дознава Centar.mk.

Личните карти кои имаат важност, ќе бидат валидни за внатрешна употреба и за гласање и за подигање на плати и пензии во банките. Пензионерите ќе може да ја подигнат пензијата, а вработените платите.

Личните карти со “Република Македонија”, кои не се истечени, ќе бидат валидни и на претстојните избори.

Интересно е што хаос се случува само во пренаселеното Скопје, а не и во внатрешноста во земјава, каде граѓаните во рекордно време ги добиваат своите документи.

Оркестриран хаос за рушење на европската иднина

Хаосот е оркестриран преку лажни написи во одредени медиуми и статуси на социјалните мрежи и според познавачите се случува пред се поради претстојните избори.

Познавачите не исклучуваат и други хаотични настани во периодот што следува дека ништо во државава не чини, со оглед дека што поблиску се изборите, толку повеќе ситуацијата ќе зоврива, а во македонската манџа мирудии сакаат да фрлат не само домашни анти-европски и анти-американски играчи туку и странски сили.

Ова е нивната единствена шанса за рушење на европскиот сон и сега тие играчи и нарачатели се се’ поблиску од кога било во остварување на таа цел.

Целата хистерија започна од корона-вирус кризата, преку големата економска криза која го погоди Светот, инфлацијата и многуте внатрешни проблеми во земјава кои се влечат од независноста до денес, пред се во проблемот со владеењето на правото и корупцијата.