Уставниот суд на седницата на 10.01.2024 година реши да не поведува постапка за оценување на Законот за измена на Законот за облигациони односи и на Законот за извршување. Со ова, според неофицијалните проценки, дефинитивно застаруваат околу 350.000 предмети кои до 2013 година се дадени на извршување од страна на компаниите, но и на граѓаните. Според информациите, одлуката не е донесена едногласно, а дел од уставните судии сметале дека измените на законите за облигациони односи и за извршување, со кои предметите застаруваат после 10 години и каматата не може да го надмине износот на главниот долг, е против уставна.
„Точно е дека имаше различни гледишта по однос на двата закона кои беа изнесени на седницата, едни го поддржаа рефератот кој гласеше да не се поведе постапка, а дел од судиите дадоа свои согледувања дека оспорените закони не се во согласност со Уставот, велат од Уставен суд за www.pari.com.mk .
Целиот текст пеочитајте го на www.pari.com.mk .
автор: Горан Теменугов