Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Загина 76-годишник, огнот избил на шестиот кат и постоела голема опасност да се рашири: детали за пожарот во Аеродром

Седумдесет и шестгодишник го загуби животот во пожарот во скопски Аеродром.

„Имавме пријава за пожар во станбена зграда на ул. „Пандил Шишков“ во Скопје на шести кат , пожарот беше веќе во развиена фаза имаше опасност да се крене на погорните катови“, вели Звонко Томевски командантот на Бригадата за противпожарна заштита на Скопје.

Тој додава дека е интервенирано со 15 пожарникари и со 6 ПП возила.

„Со брзата интервенција спречено е ширењето на другите станови, но за жал во опожарениот стан починато е повозрасно лице. Повикана е екипа на МВР да изврши увид, И брза помош кој констатираше смрт“, додава тој.

Како што вели Томевски пожарот е целосно изгаснат.

И МВР информираше дека седумдесет и шестгодишник го загубил животот во пожарот во скопски Аеродром.

„Утрово (11.01.2024) околу 6.40 часот во СВР Скопје е добиена пријава за пожар во стан во зграда на ул. „Пандил Шишков“ во Скопје. Од страна на Бригадата за противпожарна заштита пожарот е изгаснат, а во станот е пронајден починат Г.Б. (76). Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопштија од МВР.

Можеби ќе ве интересира

Мал авион се урнал во Мавровско езеро

ДЕСК

(ВИДЕО) Расчистено убиство во гостиварско, поднесена кривична пријава

ДЕСК

Со голема донација во болницата „Свети Еразмо“ во Охрид, Mozzart ја заокружува својата приказна на хуманост за 2025 година

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.