22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
SHOWBIZ

На ѕвездата на „Бејвоч“ и е дијагностициран рак: Мислев дека тоа е знак за менопауза

51-годишната ѕвезда од хит серијата Спасувачка служба, Никол Егерт, во понеделникот откри дека во декември 2023 година ѝ бил дијагностициран рак во втор стадиум.

Егерт изјави за „Пипл“ дека мислела дека нејзините симптоми се знаци на менопауза, додавајќи дека за три месеци се здебелила 11 килограми и дека во октомври почувствувала „страшна болка“ во левата града. Откако ја открила грутката при прегледот, се јавила на лекар.

„Беше навистина мачно и болно. Веднаш отидов кај мојот општ лекар, а таа ми рече дека треба веднаш да се прегледам“, објасни Егерт.

Инаку, Егерт имала потешкотии да закаже состанок со специјалист бидејќи „секогаш било резервирано“, па таа „морала да чека до крајот на ноември за да го заврши тоа“. Иако мамограмот и трите биопсии потврдија дека има рак на дојка, таа се уште не знае дали болеста се проширила и на другите делови од телото.

Мајката на две деца ќе мора да се оперира и моментално чека онкологот да утврди кога ќе почне со хемотерапија и зрачење.

„Таму е. Треба да се извади. Прашањето е дали треба да го направам третманот пред операцијата или тие прво треба да ја направат операцијата, за да можам да го продолжам лекувањето“, рекла актерката.

Сепак, нејзиниот „најголем страв“ е губењето на децата Киган (12) и Дилин (25), пренесува „Пејџ Сикс“.

„Дилин е возрасна, но дома имам 12-годишно дете на кое јас сум единствен старател. Немам семејство. Немам ништо“, рече таа.

Дополнително, Егерт се присети на „ужасот“ на лицето на Киган кога и ја кажала дијагнозата.

„Ова е нешто низ кое морам да поминам. Ова е нешто што морам да го надминам. Ѝ требам повеќе од било што или било кој”, рече таа. Егерт, исто така, им кажа на слушателите на еден подкаст дека го прави својот годишен мамограф секој декември, но исто така откри дека „жали што ги вградила имплантите“.

Една од пријателите на Егерт, Минди Молинари, создаде страница GoFundMe за да и помогне на актерката да се справи со претстојниот финансиски товар.

„Егерт е упорна и отсекогаш наоѓала начини да се снајде, но ова е поинаку“, објасни Молинари. „Таа нема да може да работи поради операциите и третманите“, додаде таа.