Во фарма во светиниколското село Амзабегово две лица се затруле, едното починало на лице место, а второто било пренесено во комплексот Клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Првите информации говоорат дека работниците се затруле од хемиска материја.
Од МВР го потврдиле случајот, а во тек е увид од страна на јавен обвинител, но и инспектори.
Случајот во СВР-Штип е пријавен во 11.01 часот, а се случил околу 10.30 часот. На лице место починал работникот О.Т. роден 1978 година.
Второто лице, односно работникот С.Ј. роден 1971 година е пренесен во комплекс Клиники во Мајка Тереза во Скопје.
Телото на починатиот работник е дадено на обдукција.