15 C
Скопје
22. септември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Серија апсења на повеќе локации низ Македонија

На 06.01.2024 во 20.45 часот на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода лице (26) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

Денеска (07.01.2024) во 03.00 часот, полициски службеници од ОВР Прилеп во населба „Точила“ го лишиле од слобода лице(33) од Прилеп. При негов и преглед на неговото патничко возило „опел“ со прилепски регистарски ознаки, била пронајдена бела прашкаста материја. По документирање на случајот против лицето ќе следува соодветна пријава.

На 06.01.2024, со наредба од Основен суд Велес, полициски службеници од Отсек за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Велес извршиле претрес во домот на лице(31) од Велес. При претресот била пронајдена и одземена марихуана. Тој е повикан во полициска станица, извршен е службен разговор и по документирање на настанот ќе следи соодветен поднесок.

На 06.01.2024 во 20.10 часот на Граничниот премин „Долно Блаце“, на излез од државата, бил лишен од слобода лице(39) од Скопје. Имено, при извршена пасошка контрола и проверка во оперативна евиденција било констатирано дека за него има активна мерка „апси“, на барање на Одделението за потраги, за сторено кривично дело „загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај“ по чл.303 ст.2 од Кривичниот законик. Тој бил приведен и предаден на полициски службеници за понатамошна постапка.