Градоначалникот на општина Карпош, Стевчо Јакимовски ги нападна градоначалниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, како и претседателот на партијата Христијан Мицкоски дека се фалат со проекти, за чија реализација пари се обезбедени од Владата.
На Прилеп му се доделени 110 милиона, на Аеродром 70 милиона, шеесет и нешто милиони на Гази баба, на овој 40 на оној 50, на Карпош 15 милиона и шесто илјади. И што е најинтересно, уште Христијан Мицкоски излегува и држи прес конференција дека тие, видете колку се добри, тие ќе граделе само школи, градинки и спортски сали, со парите што им ги дал, премиерот, Таче, како што како го викаат во нивната партија. А, па овие (н.з. Градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ) излегуваат и му се заблагодаруваат на Мицкоски“ истакна Јакимовски.
Тој, таквото однесување на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ го спореди со однесувањето на лидерот на Северна Кореја, Ким Јонг Ун.
„Сте гледале кога Ким Јонг Ун им донел доктор таму во Северна Кореја да ги оперира од катаракта и на луѓето кога им ги тргаат газите прогледуваат и не му се заблагодаруваат на докторот туку трчаат на сликата на Ким Јонг Ун. Да го бацат и да се заблагодарат дека им донел доктор. Ете така и овие од ВМРО-ДПМНЕ, Ковачевски им дава пари, тие се заблагодаруваат на Христијан Мицкоски, а тој држи прес конференции“ посочи Јакимовски во своето обраќање на седницата на Советот на општина Карпош.